(ВИДЕО) Реџепи: Граѓаните можат уште некој месец да истрпат без пари – важно е да се донесе Законот за државјанствата

Граѓаните ќе можат уште некој месец да издржат без пари бидејќи многу поважен е Законот за државјанствата.

Вака пратеникот од редовите на албанската опозиција односно коалицијата на Алијанса и Алтернатива, Скендер Реџепи ја оправдува блокадата на Собранието за законите кои се однесуваат на пакетите со антикризни мерки кои треба да обезбедат финансиска помош за граѓаните и компаниите.

Реџепи вели дека неговата партија е свесна за одговорноста која ја носи со овој чекор но вели дека во разговорите со нивните гласачи заклучиле дека тие се подготвени некој месец да истрпат без пари само да се донесе законот за државјанство.

Овој предлог закон во Собранието поднесен од Алијанса и Алтернатива предвидува граѓаните кои немаат државјанство а наводно подолго живеат во Македонија со неколку сведоци да го докажат тоа пред органите и да добијат државјанство.

На овој закон се противат Левица и ВМРО-ДПМНЕ кои веќе имаат поднесено серија амандмани со кои ја блокираат оваа процедура.

Поради тоа, албанската опозиција со амандмани стави блокада на антикризните мерки и сега собранието е во ќорсокак поради кој утрово Џафери прогласи мораториум.

Back to top button
Close