(Видео) Сериозна опасност од пожарот во Тетово: Ангелов бара ангажирање на полициски хеликоптер – испратени на испомош пожарникари од Скопје

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опаснио пожар кај с. Фалише се упати во Тетовско.

Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови ,,Еуроком”. Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен. Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.

Инаку, Ангелов координираше и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово (густа Магла) не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент.

Back to top button
Close