(Видео) Снимка од аеродромот покажува кој му го донел затруениот пијалак на Навални?
Главната уредничка на телевизијата РТ, Маргарита Симонјан, на социјалните мрежи објави видео од аеродромот во Томск.
На видеото се гледа дека чашата од која пие рускиот опозиционер Алексеј Навални, му била врачена од неговиот помошник.
„Надзорните камери на аеродромот во Томск го прикажуваат Навални како седи на маса без пијалок. Подоцна чашата му ја носи Иља Пахомов, вработен во Фондацијата за борба против корупцијата и помошник на Навални. Тоа значи дека никој не можел да знае за кого се подготвува пијалокот“, заклучува Симонјан.
На Навални претходно денеска му се слоши на летот од Томск кон Москва. Авионот итно слета на аеродромот во Омск. Лидерот на опозицијата во Русија бил пренесен во болница, каде паднал во кома.
Подоцна, заменик дирекотрот на болницата во Омск, Анатолиј Калиниченко, објави дека неговата здравствена состојба е стабилна.