(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Проблемот кај Мицкоски си е што си е он сам на себе опозиција

Говорејќи за актуелната политичка ситуација во Македонија лидерот на Гром, Стевчо Јакимовски смета дека акцентот треба да се стави на економскиот развој на земјата и дека во јавниот дискурс треба да доминираат излезни решенија кои ќе овозможат подобар квалитет на живот на граѓаните, подобар стандард со што ќе се спречи иселувањето на младите. Во однос на тоа дали ГРОМ е партија која повеќе клонира кон опозицијата или кон власта или пак е опозиција на опозицијата синтагма што често ја користи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христина Мицкоски, Стевчо Јакимовски вели за Слободен печат.

-Проблемот кај Мицкоски си е што си е он сам на себе опозиција, тука е главниот проблем не сме ние проблем, како тоа опозиција на опозиција. Јас симам своја партија тој си има своја партија. Како тоа опозиција на опозиција. Мене во Карпош не ме блокира СДСМ. Ме блокира ВМРО-ДПМНЕ и неговите другари – вели Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ во емисијата се осврна и на евентуалните соработки пред изборите со останатите политички субјекти во земјава.

-И во исто време гледаш дека на главната политичка сцена во Републикава дека зборува небулози, дека нема никаков концепт, дека е против се и сешто. Во Карпоп да не се донесе буџет, во градот се да се бликира, за да биде што полошо тоа подобро, градски сообраќај да не земат плати, во енергетскиот сектор сите не чинеле сите биле далавера.“ Јас не можам да се повлечам пред луѓе што лажат и едвак чекаат да се докопаат до власта, вели Јакимовски и додава, како партија отворен сум за соработка со сите партии освен со еден човек-со Христијан Мицкоски.

Back to top button
Close