(Видео) Страшно невреме ги зафати Словенија и Хрватска

 

Силно невреме најпрво ја погоди Словенија, а доаѓа и во Хрватска, како што може да се заклучи по снимките на порталот „Рејн Аларм“.

Бурата во Словенија го погоди северот од државата, а набрзо се пресели во внатрешноста, а Агенцијата за животна средина издаде соопштение дека можни се чести удари на громови, силен ветар и град.

Хрватските медиуми пишуваат дека невремето доаѓа и кај нив, а исто се очекува и во Србија во текот на ноќните часови.

Back to top button
Close