(Видео) Студент од Нигерија влегол во црква во Будимпешта и гол се качил на олтарот

Млад студент од Нигерија провалил во базиликата Свети Стефан во Будимпешта, се соблекол гол, а потоа се качил на олтарот.

Според локалните медиуми, инцидентот се случил вчера, додека на видеото се гледа како жена се обидува да го натера младиот човек да слезе, додека луѓето ја напуштаат црквата.

Според медиумите запознаени со случајот, странецот се обидел да влезе во црквата во шорцеви, што секако не му било дозволено. Но, и покрај тоа турнал припадник на обезбедувањето и влегол внатре.

Полицијата и Брзата помош пристигнале на местото на настанот.

-Беше сослушан во полиција поради сомнение за проневера и поседување дрога. По рочиштето е приведен – се наведува во соопштението.

Минатото лето слично нешто се случи и во базиликата Свети Петар во Рим, кога млад човек од Бразил гол се качи на главниот олтар во знак на протест поради војната во Украина.

 

Back to top button
Close