(ВИДЕО) СЗО објави снимка од болница во Газа – овде е како „зона на смртта“
Светската здравствена организација (СЗО) објави снимка од болницата Насер во градот Кан Јунис, јужниот дел на Појасот Газа, во која нејзините тимови влегоа во неделата, два дена откако израелските војници извршија рација во објектот по наводно добиле разузнавачки информации дека внатре има заложници држени од Хамас.
After two days of being denied entry into the Nasser Medical Complex in #Gaza, yesterday @WHO and partners were allowed to go inside to assess the patients. As a result, lifesaving medical referral of 14 critical patients was facilitated. Two patients needed continuous manual… pic.twitter.com/7iS65vG61y
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) February 19, 2024
На видеото објавено на платформата Икс се гледа како медицинските работници ги евакуираат пациентите и ја опишуваат штетата на објектите на болницата. Еден доктор на ОН ја опишува сцената како „зона на смртта“.
Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, претходно објави дека на агенцијата на ОН ѝ е дозволено да влезе во болницата Насер, два дена откако беше одбиено нејзиното барање за влез во медицинскиот комплекс.
Тој изјави дека е помогнато лекување на 14 критични пациенти, од кои на двајца им е потребен респиратор.
„Во болницата Насер има уште 180 пациенти и 15 лекари и медицински сестри. Болницата и понатаму се соочува со акутен недостиг на храна, основна медицинска опрема и кислород. Водата е исклучена, нема струја, освен резервниот генератор кој ги напојува машините за одржување во живот“,рече Гебрејесус во објавата на мрежата Икс.
Кан Јунис е град на југот на Појасот Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци кои побегнале од другите делови на Газа поради конфликтот меѓу израелските сили и палестинската милитантна група Хамас.
Меѓутоа, Израел најавува офанзива и врз градот Рафах, а хуманитарните организации и бројни светски претставници предупредија дека тоа би значело нова хуманитарна катастрофа.