ВИДЕО: Таван на манастир падна среде свадба во Италија: Младоженецот и невестата хоспитализирани, 35 повредени…

Врз гости на свадба во Италија се урнал таван на манастир, а повредени се најмалку 35 лица, од кои шест се во тешка состојба, јавуваат италијанските медиуми. Меѓу хоспитализираните се младоженецот и невестата.

Несреќата се случила во Понтелунг, на периферијата на градот, во поранешниот манастир Џачерино, кој се користел како место за забава. Се урна таванот на првиот кат.

Иако дел од луѓето веќе ја напуштија забавата, шеесетина, главно млади луѓе, останаа во салата и играа, а таванот наеднаш падна врз нив.

На местото на несреќата веднаш пристигнаа десетици амбулантни возила, пожарникари и полиција, а дојде и градоначалникот Алесандро Томази кој рече дека на болниците им било кажано да се подготват да примат уште пациенти.

Лидерот на Тоскана, Еугенио Џани на Фејсбук објави дека повеќе од 100 спасувачи се на местото на несреќата и дека сите повредени се пренесени во болници. Тој рече дека ова можеше да биде страшна трагедија и им се заблагодари на сите што учествуваа во спасувачката операција.

Back to top button
Close