(ВИДЕО) Тепачка во црногорското Собрание!
Напнатост покрај протестите има и во Собранието на Црна Гора. Пратеникот на ДПС Оскар Хутер му порача на пратеникот на НСД, Славен Радуновиќ дека треба да се срами што ја предал Црна Гора и не го почитува Уставот.
– Не ги почитувате Уставот и законите. Со блага реторика сакате да измамите дел од Црна Гора. Рековте дека Цетиње не заслужува да биде главен град. Сакавте споменик на Ацо Паликуќа. Рековте дека сакате граѓаните да слушнат се – рече Хутер.
После тоа, собранискиот спикер даде пауза кога дојде до расправија меѓу него и претседателот на ДНП, Милан Кнежевиќ.
После тоа дојде до тепачка во Собранието.