Видео: Три лица загинаа, осум повредени на патот Кичево-Гостивар
На патот Кичево-Гостивар, меѓу Кичево и село Трапчин Дол вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа во која, според информациите од портпаролот на СВР Охрид, загинале три лица.
-Во 20.55 часот е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила. Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, осум лица се повредени дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево и дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид за ТВ21.