(ВИДЕО) Тркало се откачи од автомобилот во кој се возеше Вучиќ

Тркало излета од службениот автомобил на српскиот претседател Александар Вучиќ, додека тој се движел кон Мокрин, пренесуваат српските медиуми.

За малку беше избегната трагедија кога возилото во кое се наоѓаше претседателот очигледно удрило во специфична пречка на патот, поради што тркалото паднало.

Со оглед на фактот дека во возилото бил претседателот Вучиќ, важно е да се спроведе сеопфатна истрага за овој опасен инцидент.

Органите на редот излегоа на местото на настанот и истрагата е во тек.

Инцидентот се случил на патот, додека претседателот патувал од една до друга локација за време на неговата обиколка на Банат

Back to top button
Close