(ВИДЕО) Ќучук: Граѓаните на С. Македонија имаат избор меѓу меѓу добрата и лошата политика

Северна Македонија треба да гради мостови, а не ѕидови со соседите, вели бугарскиот европратеник од редовите на либералите и известувач за напредокот на земјава кон ЕУ во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС.

Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент и известувач за С Македонија, Илхан Ќучук / Фото: Принтскрин од интервјуто за БГНЕС
Ќучук, чиј мандат како европратеник наскоро истекува, имајќи предвид дека изборите за Европскиот парламент се веќе во јуни, во интервјуто говори на повеќе теми од сферата на неговиот ангажман како пратеник, за состојбите во Бугарија, како и за неговата улога како известувач за Северна Македонија во ЕП.

За неа вели дека тоа било голема задача, во која се обидел да ги исполни сите очекувања, со разбирање за сите чувствителни точки и давање можност гледиштето на секоја од страните да биде слушнато и да добие израз.

Во врска со евроинтегративните процеси во земјава, Ќучук вели дека и понатаму посакува да има национален консензус по ова прашање во Северна Македонија.

„Сè уште посакувам да има национален консензус во Северна Македонија, затоа што со барање на непријател, не се решева ниту еден проблем, ниту во земјата, ниту тоа дава перспектива за Северна Македонија и за регионот“,вели европратеникот.

Градењето ѕидови меѓу соседите е погрешна и лоша политика која создава омраза, посочува тој.

„Градењето мостови е добрата и исправна политика која отвора можности. Во свет во кој има толку многу можности не можеме да ги ограничуваме идните генерации, да им ја внесуваме идејата да мислат за другите, за соседот, за блискиот како за непријател“, наведува Ќучук во интервјуто.
Говорејќи во тој контекст, тој додава дека ваквите пројави не се карактеристика само за Северна Македонија.

„Таквото однесување често гледаме дека го има и во нашата земја – Бугарија, го има и во другите земји од Западен Балкан. Големата поука која треба да се однесува на сите нас е дека треба да се движиме заедно во една Европска Унија кој е многу сложена, има свои проблеми, но тоа е најдоброто место за живеење“, вели европратеникот.

Back to top button
Close