(ВИДЕО) Украински блогер објави снимка од македонски „ми-24“ како напаѓа руски цели во Донецк
Украински блогер кој на социјалната мрежа Икс постојано објавува вести за ситуацијата во Украина, објави видео на кое, како што посочува, се гледа еден од хеликоптерите „ми-24“ кои Македонија му ги донираше на Киев, како напаѓа руски цели во Донецк.
„Северномакедонски хеликоптер ми-24 и украински транспортен хеликоптер Ми-8 со ненаведувани проектили напаѓаат руски цели во регионот Донецк“, пишува блогерот.
❗️Former 🇲🇰North Macedonian Mi-24 attack helicopter and 🇺🇦Ukrainian Mi-8 attack-transport helicopter strike 🇷🇺Russian targets with unguided missiles in Donetsk region pic.twitter.com/LqcuVn4RIr
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) February 25, 2025
Хеликоптерите „ми-24“ што земјава ѝ ги донираше на Украина во 2023 година, се од руско производство и беа набавени токму од Украина во 2001 година.
Одлуката за донација на хеликоптери од Армијата на Северна Македонија за војската на Украина беше донесена на владина седница на 29 март 2023 година.
„Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина и ја донесе Одлуката за донација на воздухоплови (хеликоптери) на Министерството за одбрана на Украина“, соопштија тогаш од Владата.