Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
-
Пленковиќ: Вооружувањето на Србија е речиси „шопинг-манија“
02.10.2026 20:44
На социјалната мрежа Твитер беше објавено видео снимено во Хрватска, каде може да се забележи ајкула долга два метри како плива во плитките води на Јадранското море на островот Корчула.

Според написите на РТЛ, станува збор за сина ајкула или модруља, која се храни со помал плен и риби, а ретко напаѓа луѓе.
Корисникот кој го објавил видеото покрај него напишал: Цел живот ми се исмејуваа поради мојот „ирационален” страв од ајкули. Ова е остварување на најлошите кошмари.
Како што се додава, досега во Хрватска се забележани девет напади на ајкули, а жртвите биле странци
Фото: архива