(Видео) Во Ново Село Организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината

Соопштение на СДСМ

Во Ново Село денеска мирни млади социјалдемократи го пречекаа Христијан Мицкоски со едноставна порака, Гостивар се труе, вие сте виновни.

Мирно. Културно. Без насилство.

Одговорот на организираната криминална група беше класичен: пратија околу десетмина да им се закануваат, да ги нападнат и да ги замолчат.

 

Меѓу нив и шофер на градоначалникот на Ново Село, Наско Димитриев.

 

Вчера поднесуваа кривични пријави за навреда.

 

Денеска праќаат насилници.

 

Ова е нивото на власт што ја води Мицкоски.

 

Кога нема аргументи – праќаат луѓе да тепаат.

 

Кога нема резултати – шират страв.

 

Кога народот прашува за труењето во Гостивар – тие напаѓаат млади.

 

Мицкоски ја загуби контролата.

 

Се плаши од вистината.

 

Се плаши од народот.

 

Се плаши од младите.

 

Затоа што младите не се купуваат со лаги.

 

Не се плашат од закани.

 

И не молчат додека цела Македонија се труе.

 

СДСМ бара од МВР веднаш да ги идентификува и уапси сите учесници во нападот.

 

Сите до еден. Без селективност. Без заштита.

 

А на младите социјалдемократи им порачуваме јасно:

 

Не сте сами!

 

Нема да ве замолчат.

 

Борбата против насилството и криминалната власт продолжува.

 

Народот е буден.

 

И стравот веќе не е на нивна страна.

 

Линк до видео:

https://fb.watch/IPgDZj2P7R/

 

 

 

Back to top button
Close