(ВИДЕО) Во пукање пред трговски центар во Илиноис повредени повеќе од 20 лица

Непознат напаѓач отворил оган пред трговски центар, каде имало најмалку 200 луѓе, во Вилоубрук во американската сојузна држава Илиноис.

Во нападот, според „Дејли маил“, загинато е едно лице, а најмалку 20 се повредени.

Според извештаите од локалните медиуми, две лица кои биле застрелани се во критична состојба.

Пукањето се случило околу 12:30 часот на рутата 83 во близина на Хонисукл Лејн во Вилоубрук, Илиноис.

Мотивот за престрелката сѐ уште не е познат.

Според американските медиуми напаѓачот наводно почнал да пука на улицата пред трговскиот центар, каде во тоа време имало меѓу 200 и 300 луѓе, претежно тинејџери и млади, кои се собрале за да го прослават крајот на учебната година.

Во видеото објавено на социјалните мрежи од „Инсајдер тајмс“ може да се види дека на терен има полициски екипи, а голем број луѓе се обидуваат панично да избегаат од трговскиот центар и од пукањето.

Back to top button
Close