„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот
– Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје ги поздравија медицинските работници. Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа. Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт”, „Секој еден, може да е следен”…
Протестниот марш моменто минува покрја хотелот „Холидеј ин“ од каде преку преку мостот „Филип Втори“ и преку булеварот „Гоце Делчев“ треба да пристигне до Владата, каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.