„Витаминка“ донираше 480 пакети со свои производи во Банката за храна Кавадарци

„Витаминка“ денеска донираше 480 пакети со свои производи во Банката за храна Кавадарци. Тие ќе бидат дистрибуирани до социјално загрозени лица, кои имаат потреба од помош и поддршка.

Роберто Паризов, претставник на кавадаречката Банка за храна, се заблагодари на донацијата, во името на сите оние кои повеќе од година ипол добиваат помош и поддршка во секојдневниот живот.

– Се заблагодарувам, од нивно и од името на сите кавадарчани, на поддршката од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, Центарот за социјални работи, Банката за храна на државно ниво, сите оние фирми и поединци кои донираат во изминатиот период и со тоа ја покажуваат својата хуманост и солидарност, нагласи Паризов, потсетувајќи дека благодарејќи на разбирањето на градоначалникот и локалната самоуправа, во Кавадарци е обезбедено комбе со кое помошта се носи во домовите на социјално загрозените, така што тие не мораат да чекаат во ред и да се срамат пред магацинот на Банката за храна.

Претходно, „Витаминка“ донираше и 1.200 литри масло.

Back to top button
Close