Влада супернова

Ми се чини дека дека поговорката “прво скокни па кажи оп” е најоперативната и најсимплифицираната метафора, која треба да ја примени нашата СУПЕРНОВА влада.
Тоа би значело прво, дека ќе мора да ги согледа РЕАЛНО своите ОПЕРАТИВНИ КАПАЦИТЕТИ, со оглед на нејзината повеќевалентност, а и помалку климава стабилност, имајќи го предвид нејзиниот карактер и општиот контекст. Второ, со оглед на бетонираната поставеност на Мицкоски, особено неговата реторика и одлучност која ја манифестира – барем засега, околу уставните измени, со овој состав на пратеници нема баш изглед за измените. Освен ако не се случи vis major.
Во таа смисла, дали Влада – Супернова, има јасен и прецизен одговор – како тоа ќе се издејствуваат уставните измени? Би сакале да знаеме, во едни вакви околности?! Затоа што, според дисеминираните пораки по медиуми, од страна на владиниот пи-ар некако слабо резонира оваа порака и исход. Дури, впечатоците на општата јавност во врска со ова се и помалку загрижувачки. Но, тоа не е наш проблем. Ние би сакале да знаеме дали ситуацијата со уставните измени е СРАМНЕТА НА ПОД и дали воопшто може реално да се случи пред избори, или, можеби – после нив?! Тоа треба да се каже јасно. Или, ситуацијата е слика и прилика на фразата “сам себе го убивал” во врска со уставните измени?
Ако е така, следна фаза е да се бара чаре за спас на земјава од политиките на слободен пад и распад. Поточно, ако работата е “врвка”, мора итно да се направи  КОНГРЕГАЦИЈА на која ќе се дискутира и одлучува на темата: Што сè може да се стори во ваква ситуација!? Прва конгрегација треба да има СДСМ, како лидер во Супернова, и оттука да повлече потези.
Инаку, кон ваквата поставеност на Мицковски himself и неговиот резолутен отпор кон уставните измени, се разбира дека придонесува и двегодишна изборна кампања во Бугарија, со која во голема мерка се наштетува и на така хиперсензитивните наши односи со оваа ЕУ држава, која иако е многу поисточна од нас, сепак е ЕУ членка.  Но, убедена сум дека најмногу во таа резолутност сепак придонесува автентичната ксенофобичност и авторитарната хабитуалност. Знаеме сите каква исклучувачка и фобиозна реторика е во прашање кога авторитарниот популизам е на сцена. Имаме искуство, а овие карактеристики се контиунирана и мејнстримизирана референца на ниво на таа партија. Значи, клучната опасност во нашата приказна е авторитарниот рифлукс (reflux)!
Да не си играме играчки, Ве молам!
Сега, во една ваква состојба на надворешен и внатрешен план, Ковачевски со неговите министри, што треба да стори?
Прво, пред да скокне,  мора точно,  да знае каде ќе отскокне? Или, “прво скокни, па кажи оп”, за да не се случи обратното,  наместо “ОП” да се трансферира во “ОФ леле мори мајко”, или уште полошо “OFF”. И за почеток, сите партнери во Влада Супернова, мораат сложно и гласнo да си признаат КОЛКУ Е СААТ. Откога правилно ќе ја согледаат реалноста, треба да сфатат дека бугарско-македонските односи треба да ги стават малце во фиока и да престанат да го напињаат граѓанството и јавноста со ес-еф приказни кои беспредметно ќе го одвлекуваат вниманието од суштинските секојдневни проблеми со кои се соочува државата,  например –   КОРУПЦИЈАТА.  А, паралелно да се работи и на КОНГРЕГАЦИЈАТА (види погоре).
Како што беше укажано неколку пати, токму корупцијата е numero uno тема, но истовремено капацитетот на таа тема е голем за да има и ПОЗИТИВНО СЕРИОЗЕН ЕФЕКТ врз самата популарност на Влада-Супернова. Посебно, ако реално и фактички се операционализира една таква Blockbuster Fight Corruption Battle. Оттука, се чини дека и едниственото мото на кое треба да се фокусира Влада Супернова во овој краток период е токму тоа, доколку сака да даде една совесна и издржана причина зошто треба да остане до крај на мандатот. Значи – корупцијата, а со тоа и онеспособувањето на разните лоповлуци – долж сите идеолошко етнички атрибуции е топ тема. Со оглед на рејтинзите пак, ваков потег може популарноста да ја зголеми наместо  да се намалува –  заради антибугарската популистичка и мејстримизирана ретокрика на опонентот – која очигледно е поcatchy во актуленоста.
Со други зборови, потребен е еден ургентен PARADIGM SHIFT како на ниво на наративност, така и на ниво на оператива на платформата наречена КОРУПЦИЈА, со симултана  конгрегација  за составување на What TO DO LIST.
Аман дајте некој импут,  Ви се молам. Зошто е ова важно да се проследи соодветно. Затоа што на следните избори, исклучително важно е да се спречи државата да не влета во нова авторитарна епизода, која би имала далеку поголеми последици од првата епизода (2006-2016).
Дека, ако се случи втора таква епизода, нема враќање назад. That’s it.
Ана Чупеска

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close