Владата да го објави Договорот со „Ѓока”, скандалот со паркингот мора да биде расчистен!

„Изјавите на Таравари и на Мицкоски отвораат сериозни сомнежи дека матни дилови се кријат зад обидот да се шитне паркингот на Клинички центар.
По бурните реакции на јавноста власта е фатена во тесно, па се обидува да го заташка скандалот.
Суштинско прашање е дали уште во самото објавување на Огласот од страна на министерството за здравство се распишани услови кои можела да ги исполни само Ѓока констракшн?
Дали однапред било се договорено?
Како е дојдено до скандалозните услови: само 1% од профитот да биде за државата, да има поскап паркинг за пациентите од 50 денари и со сомнителни рокови од 20 години.
Дали зад овие услови се кријат бизнис интереси на власта или некој земал големи провизии?
Додека Таравари и Мицкоски се обидуваат да се извадат фактите говорат јасно:
• Некој првично прифатил државата да се откаже од 99% од профитот, оставајќи го профитот на фирмата!
• Некој прифатил и цената на паркингот за пациентите да биде покачена на 50 денари, што Таравари и јавно го соопшти!
• Како и фактот да биде отстапен на 20 години користење, со што владата ја врзува државата во долгогодишна штетна зделка!
Зошто ниту една македонска компанија или јавно претпријатие не добила можност да конкурира за овој профитабилен бизнис?
Дали договорот е однапред наместен за фирмата „Ѓока” може да се открие само со објавување на договорот кој сега велат дека немало да го потпишуваат?
Фирма била под истрага во Албанија откако добила пари за изградба на патот, но патот не бил целосно завршен а има и информации дека им се урнале два тунели.
Сетоа ова ги подргрева сомнежите дека може да станува збор за класична корупција со високи провизии.
Затоа овој скандал мора целосно да биде расчистен!
СДСМ бара итно:
1. Владата да го објави Договорот со „Ѓока”, јавно.
2. Антикорупциската комисија и сите надлежни институции веднаш да отворат постапка за расчистување на случајот.
Граѓаните имаат право да знаат дали тендерот бил наместен за однапред договорена фирма!
Оваа власт на ДПМНЕ и ВЛЕН мисли дека може да продава државни ресурси на штета на граѓаните, но СДСМ тоа нема да го дозволи!
СДСМ е тука да ја заштити државата и народот!“

Back to top button
Close