Владата ги ограничи цените на училишниот прибор за најмалку 15 отсто во трговија на мало

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор за најмалку 10 отсто кај трговците на големо и 15 отсто кај трговците на мало. Одлуката стапува во сила денеска и ќе трае заклучно до 30 септември – изјави на денешната прес-конференција владината портпаролка Марија Митева.

Во мерката се опфатени производите кои се неопходни за стартот на учебната година – ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и маркери, темперни, акрилни и водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли, лепила, шестари, дигитрони, украсна хартија, папки, картонски ташни и материјали за изработка.

„Со оваа одлука трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10 проценти, додека трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15 проценти. Покрај новата намалена цена на производот, трговците се должни да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2026 година затоа што токму оваа цена се зема како базична врз основа на која се утврдува намалувањето. Во овој период граѓаните ќе имаат можност да ги набават овие производи по намалени и јасно означени цени“,

изјави Митева на денешната прес-конференција.

Целта на мерката, вели владината портпаролка, е да им се помогне на семејствата да ги намалат трошоците во пресрет на новата учебна година, кога се соочуваат со зголемени трошоци.

Back to top button
Close