„Владата не рече не, не може и нема да зголемуваме плати, меѓутоа другите синдикати го рекоа тоа“, вели Трендафилов

Во изјава за медиумите, по состанокот во Владата, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информира дека само тие ги застапувале интересите на работниците.

„Бараме раст на платите во јавниот и приватниот сектор. Владата јасно кажа дека не се против зголемување на минималната плата“, рече Трендафилов.Како што вели, преговорите ќе продолжат, а наредна средба со владата е закажана за после најголемиот христијански празник Велигден.

„Другите два синдикати кои учествуваа на состанокот бараат да се укинат одредбите од Општиот колективен договор во процесот на растот на платите на вработените во јавниот сектор“, вели Трендафилов.

Како што вели, многу важно е што „Владата не рекла не, не може и нема да зголемуваме плати, меѓутоа другите синдикати го рекоа тоа“.

Утре ќе има состанок на Комисијата за утврдување на репрезентативност.


 

Трендафилов нагласи и дека работодавачите во приватниот сектор се повлекле од процесот на преговори за зголемување на платите откако виделе дека Владата го напаѓа ССМ.

Тој ги повика сите партии да дојдат во Работничкиот дом за да се разговара за растот на минималната и сите останати плати. (4news)

Back to top button
Close