Владиката Петар: Да не ве интересира кој ќе ја финансира телевизијата,не се перени пари
Владиката Петар одби да одговори кој ќе ја финансира телевизијата која ќе почне да зрачи од први мај. Тој откри дека 50 отсто од програмата ќе биде со забавен каракктер, 30 отсто со образован документарен, дека ќе има и политичка содржина. Сепак осетливо реагираше на прашањата од каде ќе набави средства за функционирање на телевизијата.
-Тоа да не го интересира никого, ниту мене ме интересира кој вас ве финасира. Битно е дека се чисти пари се, не се перени. Не сакам да се мешам никому во егзистенцијата и начинот на кој си ја уредува телевизија, ни мене да не ми се мешаат, луѓето свој леб јадат, туѓо гајле берат – рече владиката во интервју за Телма.
Тој негираше дека е во соработка зо Љупчо Палевски и додаде дека прашањата кои го поврзуваат со него не се фер.
-Политички не се определуваме. Нашата телевизија ќе биде вистинска, афирмативна, ќе го афирмира нашето културно богатсво и наследство, македонско, пристап ќе имаат од сите народности. Не се врзуваме за политичка партија, но ќе има политичка програма – додаде тој.
Тој рече дека не е тој сопственик на телевизија, туку сопственик е Петар Каревски, што е неговото световно име.
-Дали јас кога одам да гласање, гласам како владиката Петар, или гласам како граѓанин. Петар Каревски е сопственик на телевизијата. Правата ги користам на оваа држава, не ми ги ускратувајте правата. Не сум сопственик, сопственик е фирмата „Преобразба“, не е битно каде јас сум сопственик, каде не сум. Која е целта на овие прашања? Дека ќе ви бидеме конкуренција? Оставете не да функционираме – рече тој.