Власта го одби предлогот на Левица за 18 месеци породилно отсуство


На денешната седница на Собранието се најдоа два предлог-закони на пратеничката група на Левица со кои беше предвидено зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци и исплаќање на платите на работниците до петти наредниот месец наместо до петнаесеттиот ден од месецот.

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, го образложи предлог-законот за дуплирање на породилното отсуство потенцирајќи дека ваквото законско решение одговара и на левиот и на десниот политички кампус, односно, како што кажа, вградена е вредноста за социјалните права и семејните вредности. Тој истакна дека обединувачка е националната потреба која е од корист за целата држава.

„Во 2016 имало граѓанска иницијатива за вакви законски измени, па во 2017 пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложила вакви законски измени кои не добиле поддршка од тогашното мнозинство“, потсети пратеникот од Левица.

Мециновиќ истакна дека овој предлог во однос на мајчинството е само почеток, а треба да се адресираат и други неразумни сегменти какви што се: условот за непрекинат работен однос од 6 месеци, губењето на работното место и со тоа – ограничување на породилното отсуство и слично.

Владејачкото мнозинство не го прифати ниту предлогот за исплата на платата на работниците до 5-ти во месецот, а овој предлог-закон го образложи пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.

„Ако може за нас, пратениците, платата да се исплаќа до петти во месецот – тогаш треба и за сите останати кои нѐ избрале да им се исплаќа до петти“, истакна тој.

Јанчев посочи дека сегашното правило за исплаќање на платите на работниците до 15-ти во месецот ги става во особено тешка ситуација граѓаните коишто треба да исплаќаат рати од

Back to top button
Close