Властите во Литванија уапсија двајца Шпанци под сомнение дека планирале обид за напад во државата
Генералното обвинителство на Литванија денеска соопшти за апсење на двајца шпански државјани осомничени дека планирале напад во државата.
„Двајцата Шпанци под истрага на литванската правда се наоѓаат во литванскиот град Каунас“, изјавија официјални извори од шпанското Министерство за надворешни работи, без да дадат дополнителни детали.
Според Канцеларијата на јавниот обвинител, осомничените пристигнале во Литванија во септември и имале намера да запалат неименувано претпријатие во северниот град Шијаулиаи.
Двајцата не успеале да го реализираат својот криминален план. Тие се обиделе да побегнат во Рига, но таму биле уапсени и предадени на литванските власти, се вели во соопштението на Обвинителството.