Влијание на процесот на замрзнување врз квалитетот на рибните производи
Кога станува збор за исхраната, рибите се сметаат за еден од најздравите прехранбени производи. Идеални за диета поради ниската калориска вредност, полни со витамини, минерали и здрави масти, рибите треба да бидат редовно на нашите менија. Тие содржат важни минерали – магнезиум, калиум, калциум и фосфор, витамини А и Д и Б комплекс. Богати се со омега 3 масни киселини кои се важни за здравјето на мозокот и превенција од срцеви заболувања. Рибата има малку калории бидејќи содржи повеќе вода од другите видови месо, а нејзините протеини се квалитетни и лесно сварливи.
Нутриционистите препорачуваат рибата да биде на менито два пати неделно. Притоа, не е важно дали станува збор за свежа или замрзната риба. Иако постојат некои предрасуди околу тоа колку е здрава замрзнатата риба, истражувањата на норвешки научници покажуваат дека здравствено, замрзната рибата е исто толку хранлива како и свежата, односно дека замрзнатата не се разликува од свежата во составот на витамини, минерали и други корисни материи. Според Американското здружение за срце, замрзната риба има малку заситени масти и содржи омега-3 масни киселини кои можат да помогнат во намалување на крвниот притисок и намалување на ризикот од срцеви проблеми. Резултатите од научните истражувања во Америка покажаа дека редовното консумирање риба може да го намали ризикот од срцев удар за дури 50 проценти. Поради својата висока биолошка вредност и лесната сварливост, замрзнатата риба се издвојува како храна што се препорачува за сите возрасти.
За разлика од свежата риба, која може да трае само два или три дена по уловувањето, замрзнатата риба може да трае четири до шест месеци во замрзнувачот и сепак да ги содржи истите здравствени придобивки. Замрзнувањето обезбедува задржување на хранливите карактеристики на рибите. Токму од тие причини Американската агенција за храна и лекови (ФДА) бара сите риби што се продаваат во САД пред да бидат продадени да бидат замрзнати. Истовремено, познато е дека некои сорти риби во продавниците доаѓаат само замрзнати.
Доколку се грижите за исхраната и здравјето, македонската компанија Слога Пром подготви богат избор на замрзната риба која доаѓа од слободен улов и е веќе исчистена и подготвена за употреба. Риба која доаѓа од слободен улов се движи и се храни во својата природна средина, што ја прави висококвалитетна. Има помал процент на маснотии, поголема густина на мускулни влакна и поголем процент сврзно ткиво, што ја подобрува текстурата и вкусот на месото во споредба со одгледувана риба.
Замрзната риба на Слога Пром е свежа, бидејќи по уловот, се обработува и се замрзнува веднаш, што обезбедува зачувување на сите хранливи вредности. Сè што треба да направите е да изберете помеѓу ослич, скуша или лосос, да изберете пакување какво што ви одговара и да се препуштите на кулинарската магија.