ВМРО-ДПМНЕ бара нова вонредна состојба

ВМРО-ДПМНЕ бара од претседателот Стево Пендаровски нова вонредна состојба поради зголемениот број на заболени и починати од ковид-19.

Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев на денешната прес-конференција рече дека е потребно продолжување на вонредната состојба затоа што има здравствена криза, а непрогласувањето на нова вонредна состојба, ќе го сметаат за политичка одлука на Пендаровски донесена под притисок на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Бројките покажуваат дека државата не излегла од корона кризата, туку дека таа се продлабочува и нова вонредна состојба мора да има. Поради негрижата на Владата на Заев и Спасовски досега имаме 169 починати, 3.538 заразени, повеќе од 15 илјади граѓани ги загубија рабтните места и се уште е непознат бројот на новозаразени – истакна Јанушев.

 

Back to top button
Close