(Вознемирувачко видео) Кумановец сподели снимка: Пет кучиња-скитници ми го удавија кучето во двор

На социјалните мрежи се појави снимка од надзорни камери на жител од Куманово, кој тврди дека пред два дена група улични кучиња влегле во неговиот двор и го нападнала и усмртила неговото домашно куче.

Screenshot

Според објавата, на видеото се гледаат неколку кучиња кои влегуваат во дворот, по што се упатуваат кон куќарката каде што се наоѓало домашното милениче. Сопственикот тврди дека кучињата го извлекле кучето од куќарката и го усмртиле.„До кога ќе биде вака? Пет кучиња скитници влегоа во дворот, ми го извадија кучето од куќарката и го удавија“, напиша тој на социјалните мрежи.

Автентичноста на снимката и околностите под кои се случил настанот засега не се официјално потврдени од надлежните институции.

 

Back to top button
Close