ВМРО-ДПМНЕ одлучи да учествува на изборите на 15 јули

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ вечерва по седница на како што рече централниот одбор на партијата изјави дека не им било лесно но сепак донеле едногласна одлука да учествуваат на предвремените парламенттарни избори на кои вели ке победеле и ке следувала обнова.

„Донесовме одлука да учествуваме оти Заев конечно ги исполни условите кои ги баравме а се водевме пред се од грижата за здравјето на граганите. Конечно, вели Мицковски Заев прифатил граѓаните да бидат заштитени на чинот на гласањето а право на глас да имаат сите но пред се треба да бидеме сигурни дека ке се гласа според протоколи кои ке бидат заштита од корона вирусот.

На прашањето што се случило од саботата до денеска Мицковски да го смени ставот и наместо бојкот да одлучи да учествува тој рече дека во меѓувреме се исполнети барањата што тој ги поставил како услов- протоколи за безбедно гласање од ширење на корона вирусот и гаранција дека ОБСЕ ке ги мониторира изборите.

Мицковски не одговори конкретно дали бил изложен на притисок од дипломатите да учествува на изборите, возвракајки дека неговата партија и коалицијата со која ке се трка на изборите ќе победела со дупло повеке пратеници од СДСМ и Заев.

 

 

 

Back to top button
Close