ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче бараат алиби за своето неработење

 

СДСМ и Филипче бараат алиби за своето неработење

Виновници за хаосот во справувањето со епидемијата се Зоран Заев и Венко Филипче.

Мерките кои ги носеа ниту беа навремени, ниту беа издржани.

Наместо здравјето на граѓаните, приоритет беше политиката и злоупотребата на вонредната состојба. Стручноста на здравствените експерти Заев и Филипче ја згазија со ефтин политички ПР.

Новото нормално за Зоран Заев е да бара избори, додека Македонија брои десетици заболени и мртви секој ден.

На Зоран Заев не му е битно здравјето на граѓаните туку соствената фотелја.

СДСМ на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го ставија здравјето и животот на граѓаните во опасност со својата неспособност и задоцнети мерки. СДСМ и Филипче постојано бараат алиби за своето неработење.

Очигледно е дека СДСМ немаат ниту визија ниту стратегија за справување со корона кризата.

Секој ден се зголемува бројот на новозаболени и смртни случаи, додека министерот за здравство и владата се борат како да му ја спасат кариерата на Зоран Заев, со брзи избори.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме неспособност, криминал, сиромаштија и огромен број на мртви и заболени.

 

___________________________________________________________

Back to top button
Close