ВМРО ДПМНЕ за пресудата на таткото на Тошковски – Тој не рече дека законот не важи за таткому, Левица се фрустрирани и преплашени

Левица ја објави пресудата за таткото на министерот Тошковски,Ташко Тошковски кој е осуден од судот во Велес дека во 2013 година измамил 8 лица на кои им ветувал дека ке им среди да добијат инвалидска пензија и им наплатувал по 3300 евра но лицата пензии не добиле а таткото на Тошковски добил казна од 8 месеци условно делото да не го повтори 2 години.

Министерот Тошковски не се огласи ни тој ни неговиот кабинет туку тоа го стори центарот за комуникации на матичната партија на министерот за внатрешни работи,владеачката ВМРО ДПМНЕ.

Ја разбираме и нервозата и фрустрацијата на партијата Левица, приврзок на Зоран Заев и групата вљубеници во делото на Енвер Хоџа спрема министерот за внатрешни работи Панче Тошковски стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ .

Позади таа фрустрација се крие стравот и знаењето дека Тошковски расчистува со криминалците, и што законот после долги децении важи за сите подеднакво. Тошковски не сокри нешто, не рече дека законот не важи за неговиот татко, а за сите други важи, туку и роден брат или сестра да е, ако се огреши треба да одговара. Затоа и Левица и Димче Апасиев се преплашени. А еве дополнителна причина за нивен нов страв.

Ја информираме јавноста за т.н. подрум кој Левица го купи во центарот на градот по багателно ниска цена, кој не ќе да е само подрум, туку има и приземје.

<

Back to top button
Close