Во 14-те земји во САД каде има забрана за абортус 65.000 бремености се резултат на силување 

Оваа недела требаше да се одбележи 51 година од одлуката Ро против Вејд, што го трансформираше американскиот живот, пренесува Female Quotient.


Во новото истражување објавено денес од страна на списанието JAMA Internal Medicine во 14-те држави каде абортусот е забранет, околу 520.000 пријавени силувања довеле до 64.565 бремености.
Репродуктивната здравствена грижа, иако често се презентира, пред се, како културолошко прашање, има огромни импликации врз здравјето и безбедноста на жените, како и врз нивното учество на пазарот на труд.

Ова не е само женско прашање; ова е прашање на човекови права.

Во 2022 година милиони жени во САД го изгубија правото на абортус откако Врховниот суд одлучи да го поништи законот кој го легализираше правото на абортус на национално ниво. Судот ја поништи 50 години старата одлука „Ро против Вејд“, неколку недели откако протече документ кој најави дека таквата одлука се планира.

Најновата судска одлука го трансформираше правото на абортус од право на национално ниво, со што отвори можност федералните држави да одлучуваат посебно.

Back to top button
Close