Во акцијата „Премин“ уапсени 15 цариници и еден полицаец

 

Петнаесет цариници и еден полицаец се уапсени во вчерашната полициска акција под кодно име „Премин“, соопштија попладнево од Јавното обвинителство.

Според соопштението, во текот на акцијата беа извршени претреси на 26 локации во струмичко-гевгелискиот регион и при тоа се лишени од слобода 14 царински службеници од Царинската управа на РСМ, еден пензиониран царински службеник и еден полициски службеник.

Со оглед дека во текот на предистрагата биле спроведени посебни истражни мерки, при претресите беа пронајдени паричните средства што биле примени како поткуп, во вкупен износ од 50.000 евра.

Back to top button
Close