Во Австралија се трага по дванаесетгодишно момче кое било нападнато од крокодил додека пливало

Австралиската полиција трага по 12-годишно момче кое било нападнато од крокодил додека пливало. Алармот бил вклучен доцна синоќа во Палумпа, оддалечен град во северната територија, пишува Скај њуз.

Полицијата соопшти дека 12-годишното момче последен пат било видено како плива и дека „првичните извештаи се дека било нападнато од крокодил“. Беше започната потрага, во која беа вклучени официјални лица и локални жители. „Локалните полицајци се на местото на настанот и нашите мисли се со семејството и заедницата“, рече постариот наредник Ерика Гибсон.

„Полицајците во моментов ја пребаруваат областа со брод и благодариме на заедницата за нивната континуирана помош“, додаде таа. На северната територија има повеќе од 100.000 крокодили, а некои се големи и до шест метри. Сепак, фаталните напади врз луѓето се релативно ретки.

Во таа област се присутни и морски и слатководни крокодили. Морските крокодили се поголеми, поопасни и поагресивни кон луѓето и можат да пораснат до шест метри во должина. Слатководните крокодили можат да достигнат три метри во должина, а познато е и дека ги напаѓаат луѓето

Back to top button
Close