Во Берово утрово измерени три степени под нулата

Во Берово утрово се измерени минус три степена, во Струмица еден, Битола два, Тетово три, пет во Скопје, а седум степени во Охрид, соопшти УХМР.

Времето денеска претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје претпладне со слаба магла, преку денот сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 21 степен

Back to top button
Close