Во Бункерот на опозицијата

Колку заговори за уништување на Македонија може да се обиде да спроведе Заев, а ВМРО успешно да ги спречи? Има ли една – барем ЕДНА! – иницијатива на власта која за опозицијата не е конспирација за разнебитување на државата?

Евро-атлантските интеграции, енергетската политика, усвојувањето на секој изминат буџет, реформите во судството, реформите во образованието, странските инвестиции, проектите за животната средина, асфалтирањето на улиците, отворањето инфективни одделенија низ болниците, договорите за добрососедство, набавката на вакцини, воведувањето нови контејнери низ градовите, мерките за корона-вирусот, распишувањето евро-обврзници, реновирањето на Универзална сала, рушењето на дивоградбите, затворањето на депониите, воведувањето стимулации за купување велосипеди и инвертери, номинациите за Оскар, откупот на тутунот и на оризовата арпа, купувањето чизми за војската и за полицијата, легализацијата на марихуаната, мерките за гасификација на земјата, спроведувањето на изборите на сите нивоа, набавката на нови животни во Скопската зоолошка градина, одобрувањето лекови за ретки болести, затворањето на несолвентни банки, украсувањето со новогодишни декорации, нивото на водата во езерата, легализацијата на дивоградбите, Законот за рамномерен регионален развој, сите национални спортски успеси и порази, ширењето на заразата меѓу медицинскиот персонал и смртноста на бебињата, економските и социјалните мерки за помош на граѓаните и стопанството, отворањето и затворањето на рудници, бројот на разводи, именувањето и разрешувањето владини советници, временската прогноза, донациите за сиромашните и новогодишните пакетчиња… Сигурно има уште стотина на кои не можам да се сетам во моментов.

Можно ли е власта со денови само да смислува операции за исчезнување на Македонија, а – благодарејќи на решителноста и храброста на патриотската опозиција – ништо до сега да не ѝ вроди со плод?

Толку неспособна власт Македонија немала од 1945 година наваму! И, обратно, толку успешна опозиција Македонија немала од 1903 година наваму!

Бункерот се дефинира како дефанзивна фортификација која служи за заштита на луѓе и материјални добра од напади од надвор. Обично се работи за подземни (или барем полунадземни) градби, без дневна светлина, звучно изолирани, со вештачки довод за воздух и вентилација и со доволни резерви на храна и вода за во нив да се издржи одреден подолг период. Тоалетите се хемиски или со септички јами. Правило е вратите на бункерите (најчесто двојни!) да бидат барем толку отпорни колку и специјално армираните ѕидови, со посебни протоколи за влез и излез од објектот. Комуникацијата со надворешниот свет е лимитирана и зависи од опремата со која се располага. Помагаат и курири.

Целата колумна на Сашо Орданоски на „Цивил Медиа“ на следниот линк.

Back to top button
Close