Во цврстата прегратка на Филипче

Теоријата дека Заев ќе го чека завршувањето на локалните избори за да ја соопшти својата одлука дали ја прифаќа оставката на Филипче, се чини тешко остварлива. За такво нешто би требало да поминат уште, брат-брату, шест недели, а тој период би бил предолг не само во однос на политичката пристојност за носењето на таква одлука, туку и за чекање на резултати од истрагата до тогаш. Не мора човек да биде голем експерт за да погоди дека тоа одлагање, јасно, во најмала рака, политички тешко би се одразило врз власта во резултатите од претстојните локални избори, дури и да се смират протестните тензии во државата како резултат на тетовската трагедија, особено по настаните во Тетово минатиов викенд.

 

Од друга страна, вчера ги погледав првичните резултати од анкетата на респектабилната агенција за истражување на јавното мнение во Македонија, „Брима“, чиишто ексклузивни права за објавување ги обезбеди „Слободен печат“ и „Утрински брифинг“ во своите денешни изданија. Иако теренските анкетни активности на „Брима“ се завршени ден-два по пожарот во Тетово – што значи дека не можат сеопфатно да го измерат расположението во јавноста по тој настан – податоците од таа анкета може да го охрабрат Заев за носење одлука „во вистинска насока“ (која ли ќе биде таа?!).

Имено, иако рејтинзите на македонските политичари и политички партии се очајно ниски, самиот Заев е далеку најподдржуваниот политичар во јавноста во државата со рејтинг од близу 12%, наспроти листата на сите други по него што ја предводи Христијан Мицкоски со 7%, па надолу! И самиот СДСМ, според оваа анкета, води два процентни поени во рејтингот пред ВМРО-ДПМНЕ (19,5% наспроти 17,5%, слично како и во анкетните проекциите за гласањето на локалните избори), а кога тоа би се „искомбинирало“ со коалициските податоци за заедничките потенцијали на локалните избори, таа разлика е поубедлива.

Занимливо, самиот министер за здравство Венко Филипче, во испитувањата на пулсот на македонската јавност на „Брима“, се доживува како еден од ретките македонски политичари кои – иако немаат импресивен вкупен рејтинг!

Колумната на Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close