Во Етиопија при лизгање на земјиштето загинаа 146 луѓе
Во Етиопија загинаа најмалку 146 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето, предизвикано од обилните дождови, соопштија локалните власти.
Потрагата по преживеаните е во тек и се стравува дека е поголем бројот на жртви.
Помеѓу настраданите во округот Кенчо Шача Гозди, јужна Етиопија има деца и една бремена жена. Пет луѓе се живи извлечени од калта.
Во Етиопија свлечиштата се вообичаена појава за време на сезоната на дождови, што годинава почна во јули и се очекува да трае до средината на септември.