Во Иран рекорден број починати од коронавирус за 24 часа
Иран забележа рекорден дневен број на смртни случаи од коронавирусот, откако 229 лица починаа во последните 24 часа, покажуваат податоците на Министерството за здравство.
Од почетокот на епидемијата во Иран, вкупно 14.634 лица починале од вирусот, а инфекцијата е потврдена кај речиси 300.000 луѓе, пренесува „Гардијан“.
Иран се наоѓа на 11-то место во светот по бројот на заразени.