Во Ирска во следните шест недели забрането е наводнување на градините

– Ирските власти воведоа шестнеделна забрана за користење на градинарски црева, откако земјата што е позната по дождовите, имаше најсушна пролет.

Одлуката ќе биде во сила до 21 јули и се однесува на забраната за употреба на црева за наводнување на тревници и градини, миење на автомобили  или полнење на базени.

Шефот на ирската Метеоролошка служба, Мет Еирен истакна дека во Ирска е регистриран најсувиот мај од 1850 година, а во некои делови е забележана најсувата пролет.

Дури и во главниот град на Ирска, Даблин забележано е за една третина помалку дожд.

Забраната уследи и поради фактот што голем број граѓани ќе останат во своите домови за време на епидемијата со Ковид-19 и ќе имаат повеќе време да ги наводнуваат градините.

Back to top button
Close