Во Ирска запленет кокаин вреден 10,5 милиони евра,

Инспектори од ирското Националното биро за дрога, секторот за борба против трговија со наркотици и царинските власти, во пристаниште во Даблин заплениле кокаин вреден 10,5 милиони евра, прошверцувана од албанска криминална банда.

– Кокаинот припаѓа на албанска криминална банда која продолжува тесно да соработува со ирските банди. Имаа олеснувачи во Мексико кои можеа да ја договорат пратката до Ирска. Истрагата од пошироки размери продолжува, соопшти ирската полиција.

Дрогата била транспортирана од Колумбија преку Мексико до Ирска, а крајна дестинација на кокаинот бил европскиот и ирскиот наркопазар.

– Пратката била откриена во тесна соработка со меѓународни партнери во транснационалната операција за трговија со дрога. Истражителите веруваат дека бандата тесно соработува со мексиканските наркокартели. Но, нивната дистрибутивна мрежа сега е демонтирана откако дрогата беше запленета во пристаништето Даблин, наведуваат албанските медиуми.

Back to top button
Close