Во Италија уапсени 15 лица осомничени за мафијашко здружување

Италијанската полиција денеска уапси 15 лица осомничени за мафијашко здружување, перење пари и нелегална трговија со дрога како дел од националната акција против мафијата координирана од властите во сицилијанскиот град Катанија.

Под истрага се вкупно 26 лица, пренесува Анса.

Апсењата биле извршени во регионите на Сицилија, Кампанија, Тоскана и Фруланија-јулиска Краина.

Back to top button
Close