Во израелските напади врз Газа од 7 октомври досега загинаа 24.448 Палестинци

Најмалку 24.448 Палестинци се убиени, а 61.504 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денеска Министерството за здравство во таа палестинска енклава.

Во соопштението се наведува дека уште 163 лица загинале, а 305 се повредени во нападите на израелските сили во последните 24 часа.

Според податоците на ОН, 85 отсто од населението во Газа веќе е внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата е оштетена или уништена. с

Back to top button
Close