Во Мексико загинаа најмалку 12 лица при обид да ослободат син на припадник на картел

Најмалку 12 луѓе осомничени за криминал се убиени во вчерашната престрелка со полицијата во сојузната држава Сонора, северно Мексико.

Вооружениот инцидент се случил на автопатот во близина на Ермосила, а седум луѓе успеале да побегнат, но се претпоставува дека се повредени. Во престрелката повредени се и двајца полицајци.

Мексиканското обвинителство соопшти дека најверојатно групата се обидувала да го спаси синот на Хесус Умберто Лимона, осомничен убиец на фракцијата Синалоа картел, предводена од Хоакин Ел Чапо Гузман.

Карлос Умберто бил приведен, а групата ја нападнала полицијата на автопат. Нападот бил одбиен, а полицијата заплени оружје, шест комбиња и значителна количина муниција.

Back to top button
Close