Војна на икебаните за Гоце

Целата оваа актуелна драма со Бугариве низ која поминуваме на домашнава политичка сцена почнува многу да заличува на реприза на она низ што поминувавме како општество пред некоја година со Грците. Истите добронамерни и загрижени предупредувања, но и плачливи националистички петиции, патетични колумни, „сечења вени“ по телевизиски дебати, плукачки партиски прес-конференции и уа-свиркања по политичари на јавни настани, изјави и деманти, „прогресивци“ и „предавници“, ЕУ-курва, јазикот, идентитетот, името, нацијата, иднината на децата… Повторно фонтана од емоции поголема и повисока од онаа пред „Цезар Палас“ во Лас Вегас кога е најраспрскана.

Можеби и затоа што е реприза, аргументацијата на сите, и на оние кои се про и на оние кои се контра договарањето со Бугарите, сега изгледа и звучи уморно, рециклирано, рутинирано, авто-референтно, „веќе видено“, здодевно… Но, се добива впечаток дека Бугариве како повеќе да ги доживуваме навредливо и гадливо од Грците; некако, „модерново“ негаторство што со децении доаѓаше од кај нашиот јужен сосед како да беше „попринципиелно“, со презрива соседска дистанца: не може, во принцип, името „Македонија“ и точка! (После се виде дека може.) А со Бугариве е полично, како семејна кавга на семејна трпеза: не само што, во принцип, не може да постоите како Македонци, туку сте Бугари и точка!

Но, прашањето и тогаш и сега е дали овдешниот „патриотизам“ треба да се мери со тоа колкава ви е желбата и капацитетот (од интелектуалниот, до оној за плукање) жолчно да се расправате со соседите? Како во основно школо кога сте изложен на мобинг од некое покрупно, исфрустрирано дете: да се тепате и да ви го раскрвари носот; или да го игнорирате и да чекате да порасне? И двете стратегии имаат свои тактички предности, но вистинската стратегиска мудрост е, кога сте послаб, кога да одберете што да правите, оти пораснувањето секако ќе дојде, само е прашање после колку раскрвавени носеви?

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close