Во Појасот Газа прогласена епидемија на детска парализа
Министерството за здравство на Појасот Газа објави епидемија на детска парализа во енклавата.
Властите во Појасот Газа за епидемијата го обвинија Израел и неговата воената операција во палестинската енклава.
Израелските сили ја почнаа својата операција во Појасот Газа откако Хамас изврши напад врз Израел на 7 октомври минатата година, во кој, според израелските власти, беа убиени околу 1.200 Израелци, а речиси 250 беа земени како заложници.
Според информациите на Министерството за здравство во Газа, од почетокот на конфликтот во енклавата загинале повеќе од 39.000 Палестинци