Во полицијата повторно пријави за измами на повозрасни лица

Во СВР Скопје вчера се пријавени два случаи на измама на повозрасни лица. 75-годишна жена и 84-годишен маж пријавиле дека телефонски им било кажано дека блиски членови на нивните семејства направиле сообраќајки со смртни последици и дека е потребно да се плати одредена сума пари. Тие ја платиле бараната сума пари, по што се посомневале дека станува збор за измама и ги пријавиле случаите.

Вчера во 12.40 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавителката, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати одредена сума за нејзината ќерка да биде ослободена, по што пријавителката ги оставила парите и личниот накит на локација која што и била претходно телефонски кажана.

Во 15.00 часот, пак, исто така во СВР Скопје, 84-годишен маж од Скопје пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице.  Според пријавеното, лицето го контактирало телефонски пријавителот ѝ му кажал дека неговата внука направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека треба да се сретнат за да плати одредена сума за неговата внука да биде ослободена. Откако ги дале парите, пријавителите сфатиле дека се измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи

Back to top button
Close