Во поплавите во индиската држава Асам загинаа најмалку 84 лица

 Обилните дождови и поплавите во североисточната индиска држава Асам однесоа најмалку 84 животи, а повеќе од 2,75 милиони луѓе од мај се привремено раселени.

Властите во Индија исто така предупредуваат за очекуваниот понатамошен пораст на нивото на водата на реката Брамапутра, која пред две недели поплави повеќе од 2.500 села.

Во поплавените области на Индија значително е отежната и борбата против пандемијата на коронавирусот, затоа што населението кое е принудено да престојува во засолништа живее во тешки услови и во многу тесен простор.

Back to top button
Close