Во Приштина отворен првиот Mузеј на жртвите на сексуално насилство за време на војната во Косово
На 26 ноември во Приштина се отвори првиот Музеј на жртвите на сексуално насилство за време на војната во Косово од 1998 до 1999 година. Музејот се наоѓа во зградата на фондацијата Јахјага со која раководи поранешната претседателка на Косово, Атифете Јахјага.
Името на музејот е „Чест“ и во него преку лични приказни, но и артефакти како облека и предмети ги се раскажуваат приказните на жртвите. Музејот содржи и уметнички и едукативни инсталации кои зборуваат за долгорочните последици од сексуалното насилство врз поединците и општеството.
Се претпоставува дека за време на војната, околу 20 000 жени биле жртви на сексуално насилство. Министерот за култура, Хајрула Чеку, вети институционална помош за преживеаните, а поранешната претседателка Јахјага ја истакна важноста на музејот:
„Музејот којшто го отвораме денес е сведоштво за животот и страдањето на оние кои биле заборавени долго време. Тие не биле жртви, тие се тивки херои на нашата историја кои денес конечно го најдоа своето вистинско место“