Во протестите во Калифорнија загина полицаец, друг е повреден
– Во уличните немири во кои во Оукланд во Калифорнија учествуваа најмалку 7.500 демонстранти, синоќа загина еден полицаец, а друг е повреден, јави Си-Ен-Ен.
Локалната полиција соопшти дека во тек е истрага за престрелкат. Федералните објекти во Оукланд ги чуваат припадници на Федералната служба за безбедност.
Насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд минатиот понеделник за време на полициска интервенција во Минеаполис, предизвика бран протести низ Америка.